Еразмус+ Комисијата при Средно Општинско Земјоделско Шумарско Училиште
“Ѓорче Петров” Кавадарци распишува
За избор (селекција) на ученици од Средното Општинско Земјоделско Шумарско Училиште “Ѓорче Петров” Кавадарци за учество во Проектот: 2024-1-MK01-KA121-VET-000207777 - Клучна акција 1.
Кандидатите треба да се ученици во СОЗШ Училиште “Ѓорче Петров” Кавадарци.
Кандидатите треба да пополнат апликационен формулар и да достават документи врз основа на кои ќе се изврши селекција.
Селекцијата ќе се врши врз основа на следниве критериуми:
КРИТЕРИУМИ
За избор (селекција) на ученици за учество во Проектот: 2024-1-MK01-KA121-VET-000207777
1. Ученикот покажува интерес, посветеност и одговорност во реализација на практичната настава.
Доказ:
- Мислење од наставници по практична настава, за ученици кои се 2, 3 и 4 година во учебната 2023/2024 година: 3 бода
- Оценките по практична настава (за учениците кои завршиле 2, 3 и 4 година): од 2 до 5 (оценката на крајот од учебната година претставува и бод), а за учениците кои завршиле прва година во предвид се зема средната вредност од оценките по стручните предмети: максимум 5 бода
2. Ученикот е вклучен во воннаставни активности
- Мислење од наставници ментори: по 2 бода за секоја активност
3. Ученикот покажува добар успех во наставата:
- Свидетелство за завршено образование: среден успех на крајот од учебната година: максимум 5 бода
4. Поведението на ученикот е во согласност со барањата на училиштето
- Свидетелство за завршена година на образование во кое е наведено и поведението: примерно поведение 2 бода, добро поведение 1 бод.
5. Согласност од родителот
6. Патна исправа
Апликациониот формулар кандидатите ќе го подигнат од Еразмус+ Комисијата.
Апликациониот формулар кандидатите ќе го подигнат од Еразмус+ Комисијата:
- Оливера Гркова
- Јасминка Спиркоски
- Пепица Јованова
Пријавувањето е до 11.09.2024 година
04.09.2024 година Од Комисијата