Во периодот од септември 2019 година , а завршно со патрониот презник на училиштето е извршено комплетна обнова
Нов покрив и енергетски ефикасна фасада доби СОЗШУ „Ѓорче Петров“ во Кавадарци, едно од најстарите училишта во општината. Во ова училиште со проектот кој го финансираше Кралството Норвешка се обезбедија подобри услови за настава на 250 ученици кои се образуваат во областа на земјоделството, шумарството и фармацијата. Вкупната вредност на извршените градежни зафати изнесува 84 илјади евра. 80 илјади евра се грант од Норвешката амбасада во земјава, а 4 илјади евра ги обезбеди општина Кавадарци.
Со ова овозможивме, едно од најстарите училишта од средна стручна спрема да има добри услови. Самите ученици да имаат подобра животна средина. Претходно кровот беше азбестен сега е со материјали кои се безбедни. Фасадата е енергетски ефикасна и постигнавме околу 40% заштеда на енергија. Со тоа овозможуваме добра иднина за ова училиште, за кое во изминативе две години имаме зголемен интерес од учениците“ истакна градоначалникот Митко Јанчев кој искажа благодарност на норвешкиот амбасадор за дадената поддршка. На училишната зграда инсталирани се 1200 м2 термо-изолациона фасада и се изврши промена на 1500 м2 азбестен кров. Градежните работи се изведуваа во изминативе четири месеци. „Драго ми е што норвешкиот проект е насочен во енергетска ефикасност и заштита на животната средина и што во ова училиште ќе има зголемен број на ученици. Има една заедница која е многу жива и имаме услови кои се добри како за учениците така и за наставниците да можат да ги развиваат своите вештини“ рече норвешкиот амбасадор Јерн Јелста. Грантот за општина Кавадарци е еден од четирите грантови за инфраструктурни проекти доделени на четири општини преку проектот Нордиска поддршка за напредок на Северна Македонија, спроведуван од Канцеларијата на Обединети нации за проектни услуги УНОПС.